Судот одреди притвор за уште тројца напаѓачи на пратеникот Зијадин Села  . Оливер Ошаковски и Сашо Сенков кои беа вчера приведени, како и Александар Јаневски – Тошта чија одлука се одложи поради неговата здравствена состојба, добија 30 дневен притвор.

 
Николче Димитриевски кој беше приведен заедно со Ошаковски и Сенков се уште ја чека одлуката од судијата. Дел од лицата МВР ги бараше преку јавно објавени фотографии. По целодневен распит, обвинителството направи квалификација на делото и побара од судот да одреди мерка притвор и за последно приведените.
Со тоа обвинителството бара притвор за вкупно 8 лица за соизвршителство во убиство во обид на пратеникот Зијадин Села.

Претходно   30 дневен притвор јавен обвинител од ОЈО определи Андреј Мицов (22), Никола Војминовски (39), Коста Делов (26) и Стојан Павлески – Кобра (51) сите под истрага за убиство во обид со соизвршителство, за нападот врз пратеникот Зијадин Села.

На Александар Јаневски – Тошта (57) осомничен за истото дело, не беше определена мерка, бидејќи за време на распитот во полициската станица му се слошило и бил пренесен на кардиологија.

За обидот за убиство на Села, пред неколку месеци беа уапсени и обвинети Кире Ѓоргиевски и неговиот татко и тие се наоѓаат во истражниот затвор Шутка.

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека пратеничката група на коалицијата ќе поднесе амандман на Законот за амнестија или ќе предложи посебен закон за прекин на постапката и ослободување на лицата учесници во немилите настани од 27 април 2017.

„Сметаме дека овој чин ќе придонесе кон помирување во Македонија и релаксирање на политичките тензии“, пишува во соопштението.

СДСМ возврати  Не смее да има амнестија за оние кои се обидоа да убиваат пратеници, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека стои зад крвавиот четврток.

Слични содржини