Во речиси сите средни училиштаво Скопје  бојкотот на наставата се  одвиваше  зад затворени врати. Учениците како и претставниците на средношколскиот пленум наместо на настава, седеле во холот. Овој начин на изразување револт го искористија како последен обид да му привлечат внимание на министерот Адеми кој и по многу ветувања досега не се сретна со нив.

20150403-srednoshkolcite-protestiraat-unijata-na-srednoshkolci-smeta-deka-se-politichki-motivirani-m

Тие велат дека планираат бојкотот да го одржат најмалку две недели, додека Министерството за образование и наука не одговори на нивните барања.

Средношколскиот пленум денеска го започна бојкотот на наставата во училиштата поради, како што велат, игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука и одбивањето на министерот Абдилаќим Адеми да одржи средба со нив. Барања на Пленумот се стопирање на лошите реформи во образованието, односно враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање за учениците. Министерот Адеми најави дека неделава ќе одржи средба со учениците, но од Министерството денеска не добивме одговор кога би се одржала средбата.

 

Слични содржини