Во СВР Тетово пријавено давање мито за неизлегување на утрешното прегласување во Теарце

од desk3

Како што дознава локално.мк, попладнево жител на с.Теарце во тетовската полиција пријавил дека двајца жители на истотото село оделе по куќите на граѓаните од с.Теарце и им нуделе и давале од 100-500 евра за еден гласач, им ги земале личните карти со барање да не излегуваат на гласање односно и да не го остваруваат нивното избирачко право на утрешното прегласување на на гласачко место „2011“каде ќе има прегласување. Истиот настан го потврдија и неколку набљудувачи. Полицијата трага по поткупувачите.

Слични содржини