Вонредна од Париз: Полицајци велтаа во канцеларијата на Марин Ле Пен

од desk2

Француската полиција упадна во седиштето на крајнодесничарската партија “Национален фронт” во западен Париз. Ова го изјави претставник на партијата за Ројтерс.

Претресот е во врска со истрагата на злоупотреба на пари на ЕУ, кои се платени на парламентарни асистенти.

Европскиот парламент најави дека на лидерот на партијата во 2011-2012 година Ле Пен им плаќала на вработени од партијата со европски средства. Според правилата на ЕУ финансиските средства треба да се исплаќаат само на асистенти на францускиот политичар во Европскиот парламент.

Во почетокот на месецот Ле Пен требаше да врати околу 300.000 евра, но таа категорично одби да го исполни барањето на Европскиот парламент.

Законодавниот орган објави дека европратеникот кој е лидер на францускиот “Национален фронт”, со нарушување и плаќала на советничката Кетрин Грисет која дејствувала во седиштето на партијата во Париз, а не во парламентот во Брисел и Стразбур.

Слични содржини