Возможна мисија: Ова е двојно помладата девојка на Том Круз

од Vladimir Zorba

54-годишниот Том Круз се завртел по младо девојче. Актерот е занесен по 28-годишната Ванеса Кирби, со која играат заедно во “Невозможна мисија 6”.

Круз сепак смета дека мисијата е можна не само под чаршафите, но планира да ја одведе дури и до олтарот, пишуваат медиумите во САД. Ако неговата желба се оствари, Ванеса ќе стане четврта по ред г-ѓа Круз.

Очигледно Том фрлил мамка далеку порано, бидејќи токму тој е виновникот таа да биде дел од кастингот на “Невозможна мисија 6”.

“Тој ѝ се восхитуваше на шармот и енергијата. Дури сака таа да биде следната г-ѓа Том Круз “, велат блиски до новата холивудска двојка.

Официјално Том немал врска од разводот со Кејти Холмс во 2012 година, но очигледно 26 години помладата Кирби успеала да го импресионира.

Слични содржини