Вознемирувачка снимка од почетокот на пожарот во рускиот трговски центар

од desk2

Според најновите информации, најмалку 64 лица загинаа во пожар кој го зафати трговскиот центар во градот Кемерово во Сибир.

Како што пренесуваат агенциите, меѓу нив има најмалку 40 деца.

Локалните медиуми објавија снимка на која се гледа почетокот на пожарот.

Тоа што може да се види е дека огнот се шири со голема брзина, а огената стихија прво го проголта игралиштето за деца каде имаше многу дечиња.

Се уште не е познато како дошло до пожарот, но некои медиумијавија дека некое дете запалило запалка.

Полицијата го истражува случајот.

Слични содржини