Втор ден протести на  судската администрација, која и официјално е во штрајк. Вработените бараат зголемување на платите, враќање на старото работно време, а дополнително ќе бараат и измени во законот за судска служба. Вработените во судовите се собираат на мирен собир пред судовите од 10 до 11 часот, а подоцна се на своите работни места до крај на работното време. Судењата се одлагаат, а се работат само итните и притворските предмети.
Дополнително, тие бараат да се запре идејата за државното оценување и казнување на вработените.

download (2)

За утре е најавен централниот протест на кој ќе им се придружи и судската администрација од другите градови.

Фотографија: Охридњуз

Слични содржини