Претставник на преодниот тим на Доналд Трамп изјавил дека Русија ја поканила администрацијата на новоизбраниот претседател на САД на претстојните преговори за Сирија во Астана, објави весникот Washington Post.

Според изданието, поканата е добиена за време на телефонски разговор со претседателскиот советник за национална безбедност Мајкл Флин и рускиот амбасадор во САД Сергеј Кислк уште на 28 декември.

Претходно претставникот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека САД за сега не добиле официјална покана за Самитот во Астана, но се во постојан контакт во врска со иницијативата и со Русија и со Турција, па  се надеваат да го добијат документот по преземањето на Трамп на должност на 20 јануари.