За прв пат по 2004-та, Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска

од desk4

За прв пат од 2004 годин, меѓународната рејтинг агенција „Фич“ и го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска, соопшти Хина.

Рејтингот на земјата се зголемил од „ББ” на „ББ +”  со стабилна перспектива.

Хина додава дека одлуката се базира на одличната туристичка сезона и подобрувањето на поцицијата на јавните финансии.

Во 2017 година, економскиот раст на Хрватска  остана на нивото од три отсто, а се очекувања дека и во наредниот период растот ќе продолжи.

Хрватските економисти, очекуваат инфлација во земјата да биде задржано на ниско ниво.

Зголемениот кредитен рејтинг на Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ го оцени како „добра вест”, додавајчи дека тоа претставува охрабрување за владата и да продолжи на патот на реформите.

 

Слични содржини