Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на НР Кина во Р.Македонија, Зеншун Вен.

Тема на средбата беше актуелната политичка ситуација во Македонија и продлабочување на односите на Р.Македонија со Народна Република Кина.

Sredba Zaev Ven_2501

-Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, причистувањето на Избирачкиот список и регулација на медиумите. Очекуваме независната институција задолжена списокот, Државната изборна комисија во скоро време да излезе со проценка на роковите потребни за ефективно и квалитетно прочистување на Избирачкиот список, соопшти претседателот Заев.

Изразена заедничка согласност дека во интерес на граѓаните и на иднината на Р.Македонија е стабилизирање на ситуацијата во во земјава, а не продлабочување на политичката криза.

– СДСМ е одлучна за доследно спроведување на Договорот од Прижино. Неопходни се фери и регуларни избори во Македононија, за што мора да се обезбедат доверлив Избирачки список и минимум услови за објективно известување од медиумите.

На средбата стана збор и за добрите пријателски односи помеѓу Р.Македонија и НР Кина и за можностите на продлабочување на соработката.

Слични содржини