Заев: Нема ништо спорно во финансирањето на кампањата

од Vladimir Zorba

Нема ништо спорно, ниту незаконско во финансирањето на изборната кампања, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев кој  денеска се појави во Основното јавно обвинителство  за увид во доказите во случајот кој го отвори Обвинителството за изборни нерегуларности.

„СДСМ е политичка партија којашто важи за пример за сите други политички партии за организирање кампања, се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември, апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна. Но, што и да е, денеска, од увидот во доказите ќе видиме за што се сомничиме, јас, партијата и лицето вработено во СДСМ“, рече Заев.

 

Во продолжение целата изјава: Како што сте информирани и вие, а преку вас и граѓаните, овде сме да, во законска процедура ја докажеме нашата невиност, за сомневања коишто се однесуваат на организирање на кампања од страна на СДСМ. Осомничен сум јас, едно вработено лице во партијата кај нас и СДСМ како политички субјект.

Денеска имаме закажано можност за увид во доказите коишто Јавното обвинителство ги има обезбедено. Ќе ги направиме сите постапки поврзани со увидот во доказите и согласно тоа ќе ја подготвиме и нашата одбрана. Благовремено, преку вас медиумите, граѓаните ќе бидат информирани за сите детали, секако она што е дозволено во текот на истрагата.

Јас уште еднаш само да потврдам, СДСМ е политичка партија којашто важи за пример за сите други политички партии за организирање кампања, се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември, апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна. Но, што и да е, денеска, од увидот во доказите ќе видиме за што се сомничиме, јас, партијата и лицето вработено во СДСМ.

 

Одговори на новинарски прашања:

П1: Кои конкретни индиции се посочуваат како основа за оваа постапка?

Не можам да кажам додека не ги видам доказите. Тоа што го знам, заради тоа што сум шеф на политичката партија СДСМ, таму е по буквар, слово на закон, комплетно се од она што е организирано. Знаете дека прелиминарниот извештај следува од делот на изборите, изборните сметки имаат законски рок кога се затвораат, согласно тоа ги даваме и конечните извештаи, за сите детали на прибирање и трошење на средствата за изборни кампањи. Ние го правиме тоа на транспарентен начин, сме опозиција долги години и буквално го следиме комплетно словото на законот и верувам дека претставувме единствена политичка партија, пример за сите, како се прибираат средства за кампања, како се организира самата кампања и како се трошат средствата за кампања. Ние сме поборници на правда и правна држава во Македонија. Секако, примерот мора да го дадеме од нас како СДСМ, и како политичка партија, но и како поединци, коишто сме од оваа политичка партија. Штом ќе направиме увид во доказите, веднаш после тоа ќе можеме да коментираме за сите детали врз основа на коишто Јавното обвинителство темели сомневања врз нас.

П2: Имате ли информации за проширување на истрагата и за други лица?
Обвинителот на претходното рочиште ни соопшти дека ова се однесува на Зоран Заев, за партијата СДСМ и за вработеното лице во Социјалдемократскиот сојуз.

 

 

 

Слични содржини