Не го признвам овој суд на Груевски- Лидерот на опозицијата Зоран Заев, им порача на властите дека во секое време може да го најдат или во седиштето на СДСМ или во Кампот на слободата пред Владата, и повика во секој момент да повелат да го притворат.

заев влада

– Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и закон, правосудството е под контрола на Груевски. Сакам да соопштам дека нема да присуствувам на закажаните рочишта и нема да се пријавувам во судот. Со ваквото мое соопштување, судот е должен да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода. Јас очекувам оваа седница да се случи тоа. Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот пред Влада со граѓаните. Ова е врв на апсурдот на обвинение нарачано од Никола Груевски а спроведено од јавниот обвинител Марко Зврлевски. Судот нема дадено никакво образложение за случајот, изјави Заев.

Тој вели, фактичката состојба е дека луѓе лежат во притвор за шпионажа без притоа да се образложи за која странска држава, или за кого го вршеле тоа.

Оваа негова изјава пред медиумите, доаѓа откако Кривичниот суд го прифати обвинителниот акт за „Пуч“ и ги отфрли приговорите на одбраната. Заев во „Пуч“ е четвртосомничен и се товари за насилство против високи државни органи.

Тој потенцираше дека доколку властите го уапсат, политичките преговори за излез од кризата ќе продолжат во Идризово.

Лидерот на СДСМ повика до крајот на оваа недела да се постигне договор помеѓу лидерите на партиите, и ги демантираше медиумите кои објавија дека постојат некакви тајни преговори. Според него тоа се редовни констулации во текот на преговарачкиот процес.

Слични содржини