Заев утре ќе ги поднесе потписите кај Иванов

од desk2

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во понеделник ќе ги поднесе потписите кај Претседателот и од него ќе побара мандат за формирање нова влада, потсетува на процедурата Алсат М.

Централниот одбор на СДСМ вчера му даде зелено светло на лидерот на оваа партија Зоран Заев да побара мандат од Претседателот.

„Следува период каде ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма која ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реална политика, таква каква што избраа граѓаните на Македонија“, се истакнува меѓу другото во соопштението на СДСМ.

Во меѓувреме, од ДУИ нема никакви информации. Централното претседателство на оваа партија не е свикано од петокот кога одлучи да му ги даде потписите на Зоран Заев. Иако партијата на Ахмети му даде поддршка на лидерот на СДСМ, на маса има уште две опции: Учество во влада со договор за коалицирање или преминување во опозиција со поддршка на малцинска влада. Неофицијално тие ќе ја почекаат одлуката на Претседателот Иванов за да продолжат со следните чекори.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини