Заев утре на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре во Брисел ќе присуствува неформалната вечера на премиерите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврдија од СДСМ.

Могерини минатата недела испрати покана до шесте премиери од Западен Балкан за вечера во Брисел, но до денеска официјално не се знаеше кој од Македонија ќе вечера со високата претставничка на ЕУ, техничкиот премиер Емил Димитриев или лидерот на СДСМ.

Заев во моментов е мандатар за состав на нова влада и се уште не е премиер, но како што соопштија од кабинетот на Могерини, тој е поканет во својство на „назначен за премиер“.

На утрешната неформална вечера, покрај Заев, поканети се и премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ, на Албанија, Еди Рама, на Косово Иса Мустафа и на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ.

Главна тема на средбата ќе биде состојбата во регионот по последните случувања и „како сите заедно може да се движат напред“.

По средбата не се предвидени прес-конфереција и изјави, но од канцеларијата на Могерини најавија дека ќе испратат соопштение со детали од разговорите./META

Слични содржини