Загина момче во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево

од desk2

Дваесет и четиригодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на патот Прилеп-Крушево.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 19 часот, на излезот од Прилеп, кај месноста викана Бегова Ливада.

Сообраќајната несреќа се случила кога автомобил фолксваген Венто со прилепски таблички излетал од патот. На самото место починал 24-годишниот И.П. од село Славеј, а тројца сопатници со тешки повреди се пренесени во прилепската градска болница.

Поради несреќата, сообраќајот на патот Крушево-Прилеп неколку часа беше во прекин.

Слични содржини