Загреб дефинитивно се заплетка во победата. Излез може да бидат широка колиција или и нови избори. Впрочем таква препорака веќе стигна од Берлин и Виена. Тие и официјално им сугерираат на хрватските политичари да формираат „голема коалиција“ и да избегнат политичка криза, или нови избори во земјата, тврди Ал Џезира-Балкан, повикувајќи се на дипломатски извори.  Германската и австриската сугестија доаѓаат откако стана јасно дека на неделните парламентарни избори во Хрватска, ниту една од двете главни политички партии, не успеаја да обезбедат мнозинство.

MINOLTA DIGITAL CAMERA

Во меѓувреме пазарења  се во полн ек. Ако Зоран Милановиќ (СДП) сака да остане премиер, а Томислав Карамарко (ХДЗ) да му ја осуети намерата и тој да застане на чело на новата хрватска влада, ќе мора да бидат поуверливи дека ќе го исполнат она што од нив ќе се бара во преговорите со сензацијата на изборите во Хрватска одржани во неделата, новооснованата партија МОСТ, која освои доволно мандати за да одлучува кој и како ќе прави влада во Хрватска.  Откако од МОСТ порачаа дека бидејќи без нив нема да може да се оформи новата влада, тие ќе го предложат идниот мандатар, и дека тоа нема да биде ниту Милановиќ, ниту Карамарко, утрово партијата испорача нови услови.

МОСТ во преговорите кои би требало да почнат утре ќе се фокусира на реформите на државната и локалната (само)управа, како и на даночниот систем. Од партијата на Божо Петров наводно се заинтересирани за три министерства што ги покриваат овие реформски подрачка – за управа, за правосудство и за финансии.croatia37

Набљудувачите во Загреб сметаат дека успехот на МОСТе резултат на неснаоѓањето на Карамарко во предизборната кампања, па дека големиот број гласови што ги доби МОСТ е последица на бегството на гласачите на ХДЗ, незадоволни од политиката на нивната партија.

Карамарко, некогашен шеф на кабинетот на поранешниот претседател Стипе Месиќ, па потоа директор на разузнавачките агенции на Хрватска, а едно време и министер за внатрешни работи, сега вели дека верува оти со МОСТ ќе може да се најде заеднички јазик, особено што еден од лидерите на оваа независна коалиција, е поранешен потпретседател на ХДЗ.

Image (3)

Според „Ал Џезира“ Германија и Австрија, сепак, сугерираат формирање „голема коалиција“ како што е тоа во германскиот Бундестаг, наместо правањето лабав сојуз со МОСТ и со некои помали партии, или дури одењето на нови избори.

Оваа сугестија се појавува во време кога во некои политички кругови во Загреб веќе се заговара оти новите парламентарни избори се „поевтиното решение“ и дека тоа е подобро од „скрпена и нестабилна влада“.

Поранешниот хрватски премиер Златко Матеша, во интервју за „Ал Џезира„ меѓутоа остро се спротивставува на заложбите за ново гласање. Тој се залага за тоа политичките лидери да постигнат консензус околу реформите и виталните хрватски државни интереси.

Матеша ја поддржува германската (и австриската) сугестија и смета дека можеби е време за една хрватска „голема коалиција“.

– Зашто тое не би било можно кај нас во Хрватска, а може да се случи во други земји, како во Германија, или во Италија. Дури и во Северна Ирска се договорија за едно коалициско управување (меѓу католиците и протестантите) , откако интересите за земјата се ставија пред оние на партиите, рече Матеша, кој беше премиер во времето кога претседател беше Фрањо Туѓман.
Доскорешниот претседател Иво Јосиповиќ, сепак, не верува во „голема хрватска коалиција“ како решение за постизборната ситуација.

За „Ал Џезира- Балкан„ Јосиповиќ изјави дека во овој момент, едно такво решение не е реално, затоа што двата блока партии се премногу спротивставени за да може да делуваат заедно

Слични содржини