Законот за употреба на јазиците не е меѓу итните приоритети на Владата

од Vladimir Zorba

Законот за употреба на јазиците со кој меѓу другото се предвидува унапредување на употребата на албанскиот јазик нема да биде меѓу 30-те пакет-закони на новата Влада, кои се планира наскоро да се донесат, информира АлсатМ. Во соопштенија владејачката партија кажа:

„Не е предвиден конкретен временски рок во кој законот за употреба на јазиците ќе влезе во собраниска процедура. Владата изготвува 30 пакет закони кои вклучуваат други прашања кои се поврзани директно со подобрувањето на животот на граѓаните и оваа точка не е меѓу нив“, – велат од СДСМ.

Според ДУИ, прашањето за јазикот ќе биде во акцискиот план за спроведување на реформската агенда што ја бара Европската унија.

“Анализата на спроведувањето на Охридскиот договор е дел од планот за итните реформски на владата. Тоа е многу важен елемент од барањата на Европската унија и барањата на Прибе. Владата треба да го изготви акцискиот план за реформи и за да нема доцнења, ќе се постави ЕУ-ѕвездичка. Бидејќи е дел од извештајот на ЕУ за реформи, ние како држава имаме обврска да ги спроведеме тие политики” – соопштуваат од ДУИ.

Ѕвездичката на ЕУ во иницијативата за унапредување на употребата на албанскиот јазик би подразбирала донесување на овој закон по забрзана постапка во Собранието. Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ на прашањето на Алсат изјави дека овој закон, нема да биде означен со симболот на ЕУ. Поранешниот портпарол на ДУИ Бујар Османи по постигнувањето на конечниот договор со СДСМ за нацрт верзијата на законот, изјави дека законот ќе го носи знакот на Унијата и дека ќе се гласа пред формирањето на Владата.

„Постои варијанта да се усвои или стави во Собранието веднаш по формирањето на Владата. Тука има олеснување бидејќи на тој начин се става во законите со „ѕвезда“ или кои се во процес на интеграција во ЕУ и тие закони имаат рок од 10 дена за усвојување. Постои уште една друга варијанта која нам ни дава повеќе гаранции, а таа е да се донесе пред формирањето на Владата“. – изјави Бујар Османи, член на претседателството на ДУИ

Коалициските партнери изјавија дека ќе имаат координација за ова прашање, за да ги разјаснат ставовите.

Слични содржини