Започна евакуацијата на ранетите цивили од Алепо

од Vladimir Zorba

Нарушената примирје повторно влезе во сила во сирискиот град Алепо во 2.30 часот (по локално време) денеска соопшти Ројтерс. Извори кои се наоѓаат во градот, коментираат дека таму не се слуша пукање.

Претставник на сириските власти изјавија дека започнала операцијата за евакуирање на бунтовници во источниот дел на Алепо. Предвидено е да бидат изведени уште цивилите и повредените. Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека бил контактиран, за да помогне при евакуација на повредените.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека првиот конвој од луѓе кои имаат потреба од медицинска помош, веќе почна да се повлекува од источните делови на сирискиот град. Пациентите ќе бидат однесени до Западно Алепо, кој е под контрола на Владата на претседателот Асад.
За сирискиот град Алепо се водат жестоки борби од четири години и само неодамна силите на владата успеаја да освојат значителен дел од регионите кои беа под власта на опозицијата. Во вторникот беше постигнат договор за привремено прекинување на огнот и евакуација на цивилите и дел од бунтовниците, но повлекувањето на цивилните така и не започна.

Слични содржини