Запознајте ја Меланија Трамп -новата прва дама на САД

од Vladimir Zorba

Меланија Трамп е новата прва дама на САД, откако нејзиниот сопруг веќе официјално победи на изборите. За време на кампањата таа остана во сенка, зашто според нејзините тврдења таа се фокусираше на 9-годишниот син на двојката – Барон.be96272c503080e4db8b49377a8cbaa0

Манекенката од Словенија има 45 години, таа е полиглот и третата сопруга на Доналд Трамп. Оваа година тие забележаа 11 години брак, но нивната врска започнува уште во 1998 година, пишува АП.

На прослава во Менхетен, неодамна разделениот со втората сопруга Трамп ја прашал 24 години помладата од него Меланија Кнаус, која тогаш била манекенка, за нејзиниот телефонски број. Таа вели дека го откачила, бидејќи тој имал друштво истата вечер. Но, следната година тие веќе беа пар.

Како што се гледа таа како прва дама?

“Ќе бидам доста традиционална”, изјави таа за “Њујорк тајмс”. “Како Бети Форд или Џеки Кенеди.”030660ee3cd0715bde35c07a12ce1f91

Меланија стана прва дама, но таа е прва и во многу други аспекти:

– Тоа може да биде единствената прва дама, која е трета сопруга на претседател.

– Првата, родена и израсната во комунистичка земја.

– Таа е првата која покажала толку голотија досега.

“Специјалистите“ за првите дами рекоа дека засега Меланија Трамп постапува мудро, таа не боде очи, особено ако не се чувствува удобно да зборува за политика. Тие велат дека на крајот ќе биде мудро, ако таа го збогати своето знаење.

Меланија Трамп сепак може да остане во сенката на Иванка Трамп – ќерката на Доналд. За време на целата кампања таа беше блиска до својот татко, а тој неколку пати изјави дека многу ги цени нејзините совети.

Декорација ли ќе е Меланија?

“Имам сопствено мислење. Јас сум самостојна личност и мислам дека на мојот сопруг му се допаѓа ова кај мене”, вели Меланија во почетокот на годината во интервју за списанието “Харперс базаар”.

Голата Мелани

Три години пред да се сретне со сопругот Доналд Трамп Меланија се покажува како доста немирна. И за време на кампањата на тој период беше прописно потсетувано. New York Post објави нејзини фотографии како од  мајка родена, а потоа и со други женски модели во лезбејски тематика.4b0b6847eaed9190296e23cb3a42264e

Дводневната фотосесија била во Менхетен во 1995 година, кога Мелани имала 25 години и се промовирала под името “Мелани К.”

На дел од кадрите Мелани лежи гола во кревет, додека друштво ѝ прави Скандинавскиот модел Ема Ериксон. На друга слика Ериксон носи чорапи со жартиери и длабоко откроено деколте, качена на високи потпетици и со кренат камшик, подготвена да ја “тепа“ Мелани, која е со поконзервативен фустан.

“Отсекогаш сум сакал да ги снимам жените заедно”, раскажува францускиот фотограф Але де Базевил. Според него станува збор за убавина, а не за порно. Според него, дел од фотографиите се инспирирани од уметноста на ренесансата.

Близок, кој присуствувал на една од сесиите се сеќава дека Мелани се однесувала како “вистински професионалец”.

Видете слики на Меланија од еротскиот и политичкиот нејзин живот во нашата галерија.

Слични содржини