Земјотресот во Италија однесе 247 животи

од Vladimir Zorba

italija-crven-krst

Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија се зголеми на 247 лица, од кои 190 загинале во областа Лацио, а 57 во областа Марке, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.

Според последните податоци на италијанските медиуми, стотици лица се повредени во земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што е еден од најсилните земјотреси во Италија во изминатите години. Најтешко е погодено подрачјето меѓу регионите Лацио, Марка, Умбрија и Абруца.

Утринава, во истиот регион е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Италијанскиот премиер Матео Ренци синоќа најави дека денеска ќе се прогласи вонредна состојба./Мета

Слични содржини