Жерновски поднел кандидатура за градоначалник од СДСМ

од desk2

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски ќе се кандидира за уште еден мандат во општината, откако обелодени дека поднесол кандидатура во СДСМ.

Според него, политичко прашање е дали ќе биде кандидат на СДСМ или самостоен.

– Кандидатурата ја предадов преку партијата и ја очекувам нивната поддршка. Резултатите се тука, анкетите исто говорат за мојата поддршка. Имам слушнато за идеите за тоа да бидам кандидат за градоначалник за Град Скопје, но за ова уште не е разговарано, рече Жерновски, денеска кога елаборираше за сработеното во изминатиот мандат.

Слични содржини