ЗОИ 2018: Руските хокеари го добија спектакуларното финале

од Vladimir Zorba

  Русија ја победи Германија со 4:3 со гол постигнат во продолжението од финалето на хокеарскиот турни одиграно утринава на последниот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Херојот во триумфот на Русите беше Кирил Капризов, кој ја потресе германската мрежа во десеттата минута продолжување во „Пауер“ и го врати својот тим на тронот по 26 години.

За Русите ова е деветто олимписко злато и второ под олимпиското знаме.

Од друга страна, Германците се поразени во нивниот прв олимписки финален меч и ова е за нив најголем успех, а беа многу блиску и до златото кое им „избега“ во последната минута од основните 60. Кога имаа и играч повеќе, но примија гол за 3:3 во тој момент.

Бронзениот медал на Олимпијадата го освои Канада по триумфот над Чешка во малото финале  со 6:4.

Слични содржини