Зошто летовите на исти релации траат подолго од порано?

од desk2

Патувањето од Њујорк до Хјустон трае околу 4 часа, а истото патување во далечната 1973 година, траело нешто повеќе од два и пол часа.

Ова не е осамен случај, па се поставува прашањето зошто во време на технолошки напредок летовите стануваат подолги место покуси?

За тоа има неколку причини, но најважна е растот на цената на нафтата.

Имено, некогаш галон се плаќаше 70 центи, а во еден момент цената надмина 3 долари. За пример само, на крајот на 2016 годин, цената на галон нафта беше 1,59 долари.

КОмпаниите го сфатија тоа, па ако сакаат и понатаму да ја имаат зацртаната заработка, мора да летаат поспоро, што подразбира заштеда на потрошувачката на гориво.

Заштедите се огромни, па така објавениот податок според кој американската авиокомпанија Џетблу во 2008 година сочувала 13,6 милиони долари со тоа што секој лет го продолжила за само 2 минути.

Пред четири години во јавноста протече податокот дека Рајанер на своите пилоти им дава инструкции секој лет да го продолжат за две минути. Секако, се работи за големи суми заштеди на годишно ниво.

Слични содржини