Во петокот и саботата лидерите на НАТО ќе се соберат во Варшава, за да преземат нови чекори кон зајакнување на капацитетите на Алијансата и нивното присуство на источниот крило. Тоа е дел од западниот пристап спрема реваншистка Русија.

3fc0a01a3d77add08a671ea594795041

Успешниот исход од самитот во Варшава ќе помогне за стабилизирање на НАТО сојузниците и ќе му даде на Западот морален импулс во период на политичка неизвесност и големи штедења.

Новиот западен приод кон Русија се оформи на самитот во Велс во 2014 година како одговор на нејзината незаконска анексија на Крим и нејзината постојана воена кампања во источна Украина. Тој стави акцент на тврдиот отпор и обесхрабрување, за разлика од пред настаните од 2014, кога на преден план беа дијалогот и соработката со Русија.

Ние не треба да имаме илузии во врска со намерите на Москва. Зад заплашувањето и обидите за раскол во однос прозападните земји кои граничат со Русија, се крие судир на идеи. Од едната страна се вредности како владеење на правото, цената на отчетност на бирократијата и демократските избори. А од другата имаме активна без задршки држава која може да ги жртвува сопствените граѓани во името на амбициите на своите владетели.

Изборите 2016 веќе се завршени. Историјата вели дека победила Хилари Клинтон

Судирот сепак не се ограничува само во соседскиот простор. Москва очигледно има намера да го поткопа либералниот меѓународен поредок и единството на Западот што ни служи така добро по крајот на Втората светска војна. Го гледаме тоа во Европа, каде што Русија ги користи енергетските ресурси како оружје за да создава поделеност меѓу сојузниците. Или кога државно финансираната телевизија “Раша тудеј” (Русија денес) шири дезинформации за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД (ТТИП), преку кој Кремљ се обидува да поткопа еден иден извор на креативност и просперитет.

Гледаме и кога Русија поддржува политички партии, објавувајќи се за распаѓање на Европската унија. Не е изненадување дека Путин е еден од ретките ако не и единствениот светски лидер, кој го поздрави Брекзит.

За да го заштитиме нашиот начин на живот, европските сојузници мора да го прифатат фактот дека силното НАТО одвраќање, единството и заштитата на пријателите и на принципите се поважни од цената на економските санкции против Русија или од потенцијалната корист од зближување со Москва. Ние не треба да се стремиме кон ескалација на конфликтот, разгоруван од Кремљ за внатрешни размислувања, но не треба и да се постапи со лошо однесување. Јас би рекол вака: сојузниците од НАТО треба да соработуваат со Русија каде што е можно, и да и се спротивставиме, каде што треба.

На Варшавската средба трансатлантските сојузници треба да ја нагласат својата целосна поддршка за санкциите против Русија, додека не бидат исполнети условите на договорот Минск-2. Ако Европа не успее да ги задржи санкциите, тоа би ги ослабело воените напори на НАТО за отпор на заплашувачката тактика на Русија. Економските санкции и военото одвраќање се двете страни на иста монета. Јасно е дека британското решение за излез од ЕУ е удар по западното единство. За да го минимизира негативните последици, Велика Британија треба да го почитува својата посветеност за 2-процентни воени трошоци и да помага за зачувување на санкциите против Русија.

На самитот сојузниците од НАТО треба да одлучат да ги преместат поголем дел од НАТО (воените) сили и можности кон источните сојузници, вклучувајќи и постојано распоредување на копнени, воздушни и поморски сили во балтичките држави, Полска, Романија, Бугарија до тогаш додека Русија продолжува да се однесува агресивно. Јас сум убеден исто така, дека Алијансата треба да продолжи да се развива, да располага и да гради колективна противракетна одбрана, да ги зголемува своите кибер-можности, преминувајќи од пасивна одбрана кон поактивна и офанзивата улога кога е потребно.

Европските сојузници мора да ги почитуваат својата посветеност да трошат два проценти од својот БДП за одбрана најдоцна до 2024 година, и да излезат со среднорочни планови за следните пет години. Ова ќе им помогне да ги задржат една одговорна позиција и ќе испрати позитивен сигнал до следната американска администрација. Така пред крајот на мандатот на следниот американски претседател Европа би успеала да го намали трансатлантската јаз во одбранбените можности.

САД сепак, исто така треба да продолжат да носат својот дел од товарот. НАТО ја задржува стабилноста во најпросперитетните регион на светот, гарантира присуството на силна мрежа на сојузници и ги поддржува САД политички и воено во светот. Тоа е добра цена за потрошените за одбрана американски долари.

Варшавскиот самит е навремена можност да се покаже дека западниот свет нема да гледа настрана, кога нашите пријатели и соседи се заплашени. Недостатокот на решителност и единство во односот спрема Русија само ќе ја зајакне злонамерниот поглед на Москва дека може да се меша во внатрешните работи на соседите со цел да се задржи постојноста во нејзините претстави за “сфера на интереси”.

НАТО ќе треба да демонстрира решителност за еден прилично долг временски период пред пристапот, инициран на самитот во Велс, да покаже видливо влијание врз однесувањето на Русија. Но еден успешен резултат на Варшавската самит ќе ни приближи со еден чекор кон (така саканата) сеопфатна и слободна Европа.

_____

* Авторот е поранешен генерален секретар на НАТО, поранешен премиер на Данска, основач и претседател на фондацијата “Расмусен Глобал”.

Слични содржини