Замислете зеленчукова градина среде зима, а потоа замислете ја истата градина во сончев летен ден. Дел од убавината на природата доаѓа од тоа колку разновидна е таа за време на различни сезони. Сезоните се извор на природна разновидност и баланс на земјата и нејзините форми на живот.2b40c46feb72c95b88b671797ab50018

Имало времиња кога луѓето се хранеле само со храна достапна во одредена сезона. Овие времиња сепак ги нема. Денес, благодарение на длабоко замрзнатата храна, модерниот транспорт и современите техники за обработка на храна за поголема издржливост, сите овошја и зеленчук ни се достапни во текот на целата година. Тезгите во прехранбените продавници изгледаат подеднакво во декември, така и во средината на јули.

Но, само затоа што технологијата прави возможно да имаме портокали во зима, не значи дека треба да ги јадеме. Токму овие модерни практики за обработка на храна го зголемуваат бројот на алергиите, нетолеранцијата на различни видови храна и развој на многу хронични болести.

Според голем број на здравствени експерти, конзумирање на храната според нивната сезона на зреење е интегрален дел од т. н. “Здрав начин на живот”.

Во студија од 1997 година од Министерството за земјоделство, рибарство и храна во Лондон, Англија, се откриени значителни разлики во хранливата содржина на млекото во текот на летото и на истото во зима. Содржината на јод е повисока во текот на зимата, а на бета-каротинот – повисока во текот на летото. Научниците откриле дека овие разлики во составот на млекото се главно поради разликите во исхраната на кравите за време на двете сезони. На ист начин, истражувачите во Јапонија откриле огромни разлики во содржината на витамин C во спанаќот, добиен во текот на летото и во зима.

Кои се придобивките од конзумирање на актуелната за сезонава храна?

Несезонската храна бара посебна обработка, за да може да преживее во “погрешната” сезона, во кој се одгледува. Поради тоа оваа храна често се полни со пестициди, конзерванси и други хемикалии кои производителите и трговците ги користат за да ги направат да изгледаат свежи. Односно хранливите квалитети се компромитирани.

Кога не јадеме свежо собрана продукција, можеме да развиеме нетрпеливост кон одредена храна или поточно кон хемикалиите со кои ги обработуваме. А и сезонската храна има многу висока содржина на антиоксиданти во споредба со несезонската.

На пример, во традиционалната кинеска медицина пролетта се поврзува со црниот дроб – еден од главните органи кои го прочистуваат телото. Во склад со пролетта, кога расте глуварчето и друг зелен зеленчук Кинезите ја препорачуваат нивната потрошувачка, за да се прочисти крвта.

Конзумирањето на сезонско овошје и зеленчук има и други предности – го поддржува локалното производство, ја штеди животната средина (товарните средства со мандарини минуваат илјадници милји за да ги доставуваат до трпезата), сезонската храна е поевтина.

Одберете го разумното и корисно

Нашите предци јадеа сезонска храна, бидејќи немаа избор. Ние, од друга страна, можеме да направиме информиран избор и да претпочитаме да ја јадеме само онаа храна која се одгледува сезонски во нашата земја. Координирањето на нашата исхрана со циклусите на природата природно го прочистува организмот и го полни со антиоксиданси.