Јакимовски: Бугарија спрема провокација на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев, мора да ја спречиме

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски апелира до власта на 4 февруари превентивно да делува и да ги сопре најавените автобуси од Бугарија за да се избегнат инциденти. Тој воедно предупреди доколку не се случи такво нешто дека ќе бидат повикани граѓаните да дојдат во голем број за сами да ги спречат најавените провокации од бугарска страна.

-Мислам дека провокацијата што ја спремаат одредени групи од Бугарија на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев не треба да ја дозволиме. Според мене треба да се спречат тие автобуси да ја поминат границата. Во спортивно илјадници македонски граѓани ќе се соберат и тогаш ќе биде циркус, порача Јакимовски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Слични содржини