Јануари е месец на разводи, месец во кој се носат најтешките одлуки

од Radmila Tasevska

Можеби звучи чудно што разводите може да се поврзат со месеците во годината, но статистиката покажува дека постои поврзаност меѓу нив и тоа како.

Можеби не сте размислувале за тоа, но празничната сезона може да влијае на вашето размислување, да ве поттикне да го преиспитате односот со брачниот другар, но и да ги одложите тие одлуки за подоцна.

Врз основа на анализите, експертите откриле дека најголем број разводи се случуваат во текот на јануари, но и зошто е тоа така.

Заклучиле дека тоа е така затоа што луѓето избегнуваат да започнуваат болни теми и да носат големи одлуки за време на празниците.

Се занесуваат од празничната еуфорија и потоа сите проблеми во бракот и семејството ги оставаат за подоцна, а кога ќе дојде јануари полека на површина излегува сето она што ги угнетувало за време на празниците.

– Празниците се период кога емоциите се издигнуваат на повисоко ниво, па ако сте несреќни во бракот или сте лути на партнерот, овој период може да биде пресвртница – вели адвокатот за развод Хаиме Гроза.

Од друга страна, многу луѓе во декември стануваат маѓепсани од украси, светла, потпаѓаат под влијание на прекрасната, волшебна празнична музика, толку многу што веруваат дека сè може да се сврти и да се подобри. За жал, штом ќе завршат празниците, дознаваат дека биле во право и пред празниците.

Слични содржини