🎥Гризман му се извинувал на Санчез дека го нарекол „гом*о“

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман лично му се извини на напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, по победата на „рохибланкос“ во пенал рулетот, која ги елиминираше „нероазурите“ во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Како што е познато, по мечот се појави скандалозно видео со учество на Гризман. На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се гледа како Французинот го гледа пеналот од клупата, навива и им се обраќа на соиграчите со зборовите: „Гом*о“ е Чилеанецот, „гом*о“ откако Јан Облак го одбрани ударот од пенал токму до Санчез.

Според „Марка“, Гризман подоцна ја сфатил својата грешка и лично го контактирал Санчез за да му се извини. Од своја страна, фудбалерот на Интер му простил на противничкиот напаѓач, кој му објаснил дека целта му била да го охрабри Облак, а не да се подбива со Чилеанецот.

Слични содржини