🎥И во панталони и џемпер – Федерер се уште може!

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер повремено да се „вади“ на својата тениска големина дури и сега кога е во пензија.

Тоа беше прашањето што неодамна му беше поставено на Швајцарецот во големото интервју за GQ, а сега се појави и видео за кое всушност зборува во одговорот.

„Смешно е! Бев на Стенфорд пред неколку дена, отидов да го гледам нивниот тим бидејќи синот на Тони е бруцош на „Стенфорд“. Ги видов како прават нешто и му реков на синот на Тони: „Види, кога ќе се вратиш, мислам дека треба да го направиш ова“. Брзо објаснив, го зедов рекетот, и бев облечен вака (панталони, џемпер), погодив форхенд и – сè уште е таму! Не заминало“, рече Федерер и додаде:

„Како возење велосипед. Потоа направивме уште една вежба и се обидов да објаснам дека постојат различни видови на форхенд. Со многу вртење, брзо, под агол итн. И го погодив секој совршено. Мислев: „О Боже, сè уште можам да го правам ова“.

Слични содржини