📸📽 Израелските војници упаднаа во тунели на Хамас: „Снимете го ова пред да го уништиме“

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили открија километарски миниран тунел во кој Хамас наводно држел околу 20 заложници. Според сведоштвата на заложниците кои биле ослободени од Газа – токму тука го поминувале најголемиот дел од своето време.

На крајот од тунелот се наоѓале тесните ќелии во кои биле чувани затворениците – пет тесни соби зад метални решетки.

„Пронајдени се тоалети, душеци, па дури и цртежи на девојче ослободено во ноември – Емилија Алони“, изјави портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари.

„Откако одеа околу еден километар во тунелот, на длабочина од околу 20 метри под земја, војниците пронајдоа централна просторија во која, според сведоштвата на заложниците кои се вратиле од Газа, го поминувале поголемиот дел од времето“, рече тој.

Армијата објави фотографии од подземниот лавиринт. Тие донеле новинари да го фотографираат тунелот пред да го уништат за „да му покажат на светот докази кои не смеат да се заборават“.

„Хамас изврши и продолжува да врши злосторства против човештвото држејќи невини луѓе, деца, жени, мажи, некои болни, постари луѓе, во тешки и нехумани услови“, рече Хагари.

Слични содржини