📸 Бен Афлек и Џенифер Лопез во друштво на Џенифер Гарнер и децата

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчаа во 2022 година, откако ја обновија својата врска 17 години по раскинувањето на веридбата.

Во меѓувреме, Бен беше во брак со колешката Џенифер Гарнер со која има три деца, ќерките Вајолет и Серафина и синот Семјуел. Од друга страна, Лопез беше во брак со пејачот Марк Ентони со кој ги има близнаците Макс и Ема.

Афлек и Гарнер се разведоа во 2018 година, по 13 години брак, а Лопез тогаш имаше вереник. Сепак, таа набрзо ја раскина веридбата, а недолго потоа почнаа да се шират гласини дека таа и актерот се смириле.

Тоа се покажа како точно, а малку подоцна се венчаа, прво тајно во Лас Вегас, а потоа им приредија интимна церемонија на своите најблиски. Сепак, Бен остана во добри односи со поранешната сопруга, а како што постојано нагласуваа, Лопез одлично се сложува со Гарнер.

Тие тројца неколку пати се фотографирани заедно како разговараат и учтиво се поздравуваат, а сега се фотографирани и по еден настан во Лос Анџелес.

Џенифер Гарнер на настанот пристигна со децата – Серафина и Семјуел, додека Афлек и Лопез дојдоа со нејзината ќерка Ема. Тие биле насмеани и расположени и уште еднаш докажаа дека сите можат добро да се согласуваат, пред се заради децата.

Како што објавија медиумите, Бен одлично се сложува со новиот избраник на неговата поранешна сопруга – Џон Милер.

Слични содржини