📽 Авиони, бродови и подморници: Објавени ПРВИТЕ СНИМКИ од нападот во Јемен

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од својот авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

На нишанот на авионот се гледа зграда, пред да настане голема експлозија. Тоа била една од двете области кои ги таргетирала Велика Британија, наведе министерството.

Потсетуваме, американските и британските сили извршија напади врз бунтовниците Хути во Јемен во четвртокот вечерта. Нападите биле лансирани од воздух и од море, а биле користени авиони, бродови и подморници.

Нападот уследи откако Британија и САД предупредија дека „може да има последици доколку бродовите постојано бидат гаѓани во Црвеното Море“.

Еден од челниците на Хутите, Хусеин Ал Изи, изјави дека САД и Велика Британија „ќе платат висока цена“ по нападот врз позициите на бунтовничката група во Јемен. Портпаролот на јеменските Хути изјави дека нема оправдување за оваа акција на САД и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини