📽 Обожавателите ја нападнаа Бијонсе: „Позира со ќерката облечена како стриптизерка“

од Stefanija Kuzmanovska

На премиерата на нејзиниот филм „Renaissance: The Beyoncé Movie“, Бијонсе позираше со својата ќерка, 11-годишната Блу Ајви Картер.

Мајката на една од најпопуларните поп-уметници на сите времиња, Тина Ноулс, на својот Инстаграм го сподели моментот кога Бијонсе и Блу Ајви позираат заедно.

На видеото се гледа како Бијонсе ја прашува ќерка си дали ѝ е ладно, на што таа вели да, а потоа им вели на фотографите да побрзаат со фотографиите.

Нивниот заеднички изглед ги трогна фановите, но облеката на Бијонсе предизвика негативни коментари.

„Не го разбирам овој фустан, зошто мора да се гледаат гаќите?“, „Ова никако не е добар фустан за сликање со малолетна ќерка“, „Позира со ќерка си облечена како стриптизета“, беа коментарите под видеото кое се прошири на интернет.

Слични содржини