📽 Педро Паскал пијан се искачил на сцената на SAG наградите: „Правам будала од себе“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Педро Паскал се најде во центарот на вниманието на синоќешното доделување на SAG наградите во Холивуд.

Имено, Паскал ја доби наградата за најдобар машки актер во ТВ драма за улогата во серијата The Last of Us.

Сепак, изгледа дека тој не очекувал дека ќе мора да зборува пред камерите. Како што покажува и самото видео од доделувањето, тој во алкохолизирана состојба излегол на сцената за да ја прими наградата.

„Ова е погрешно, од повеќе причини. Хм, малку сум пијан. Мислев дека можам да се опијам“, рече Паскал откако се искачи на сцената.

Му биле потребни неколку секунди да се собере пред да се обиде да им се заблагодари на своите соработници.

„Ух Боже, правам будала од себе. Но, многу ви благодарам за ова“, наведе актерот и додаде:

„Оваа награда е неверојатна е**на чест“.

Слични содржини