📽 Први снимки од фабриката во Србија каде избувна пожар: Повредени шест лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во пожарот кој денеска избувна во фабриката „МБ Наменска“ во Лучани, Србија, повредени се шест работници, од кои двајца со тешки повреди. На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од фабриката по несреќата.

Пожарот избувнал утринава во погонот за производство на еднобазен барут.

Ова не е првпат да се случи несреќа во оваа фабрика, а во 2017 година загинаа двајца работници, пренесе „Нова.рс“.

Самата фабрика се огласи веднаш по несреќата и потврди дека инцидентот се случил, а пожарот настанал во производството на еднобазен барут при фазата на гмечење на самиот крај на процесот.

Слични содржини