📽 Зеленски предупреди: „Овие четири земји се следната цел на Русија“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека четири земји би можеле да бидат изложени на ризик доколку Украина падне.

Во видеото објавено од советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, Зеленски рече дека четири балтички земји би можеле да бидат следната цел на рускиот претседател Владимир Путин.

„Следни би можеле да бидат Литванија, Летонија, Естонија, Молдавија. И тоа е сигурно ако не издржиме“, навел украинскиот претседател.

Зеленски вчера ненадејно отпатува за Литванија, а во наредните денови треба да ги посети Летонија и Естонија. Во Литванија тој се заблагодари за ново одобрениот пакет помош за Украина и потсети дека Русија веќе се закани на некои земји во последните неколку месеци.

„Неодамна слушнавме дека почнаа да зборуваат за Финска, почнаа да зборуваат за независноста на Узбекистан и така натаму. Путин нема да застане додека колективно не го спречиме“, наведе Зеленски.

Путин ѝ се закани на Финска дека ќе има проблеми доколку влезе во НАТО, а по Финска во НАТО треба да влезе и Шведска, која исто така неодамна ги предупреди своите граѓани за зголемен ризик од војна.

Слични содржини