1ТВ: Со име и презиме ќе објавиме кој стои зад тивката ликвидација и заканите за „Рекет“ кон Бојан Јовановски

од Viktor Jovanov

Ќе ги објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски. Исто така ќе ги објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот „Рекет“ уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон негови членови на семејството, ова беше напишано денеска на фејсбук страната на 1ТВ каде како неформален сопственик стои името на Бојан Јовановски познат како Боки 13.

На Фејсбук профилот исто така беше напишано дека ќе се објават факти и докази зошто Јовановски се наоѓа во ефективен притвор иако се наоѓа во ризична здравствена состојба.

-Имено ке ѓи објавиме сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораќи за негово лечење. Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски! Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство, напишаа од 1ТВ.

Оттаму додаваат дека на денешното сведочење од страна на обвинителката Лиле Стефанова јасно се увидело дека прво обвинетиот Бојан Јовановски не учествувувал во никакви дејствија кои му се ставаат на товар,

-Јасно беа посечени имињата на лицата кои вршеле притисок и влијание за случајот “Империја” таа спомена судии, политичари, обвинитили, бизнисмени, нарекувајќи ги “разни емисари”…. Јасно и категорично беше кажано од страна на обвинителката Стефанова дека со Бојан Јовановски немала никаков контакт и дека имала само коректен однос гостувајки во 1ТВ и дека никогаш не разговарала со Бојан Јовановски за предмети од СЈО и дека никогаш не вршел никаков притисок, а замислете Јовановски е прво обвинет во овој случај… “вистинска правна држава”, стои во статусот на телевизијата.

Од таму поставуваат прашање до надллежните институции, „кога ќе се процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа?“ и „дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува?“

Прашањето кое го поставуваме до надлежните кога ке ѓи процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа?Дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува?Дали надлежните мислат дека со спроведување на класична тортура кон Јовановски и неговото семејство ке го замолчат Јовановски и дека ке ја спречат вистината за “Рекет”?Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет “Рекет”Како беше она парола… “Нема правда, нема мир”Место за “поштедени” на нашите официјални профили на згаснатата 1ТВ нема и нема да има “поштедени”, стои во статусот на 1ТВ.

Ова е фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот предмет "Рекет". Ја известуваме јавноста дека во наредните…

Публикувахте от 1tv.mk в Понеделник, 27 януари 2020 г.

Слични содржини