7 совети за грижа за вашето милениче во текот на пандемијата

од Elena Daskalova

Домашното милениче е член на вашето семејство и не смеете да заборавите на него, па дури и можеби треба да обрнете уште повеќе внимание и да му дадете љубов.

Но, најпрво, да го расчистиме можеби најчестото прашање во овие услови: Дали може да нè заразат милениците?

1. Мачките и кучињата не го пренесуваат коронавирусот на луѓе. Напуштање на милениче поради страв од зараза не е разумен чекор.

2. Обезбедете им доволно храна. Не треба да купите неколку вреќи, но доволно е да имате залиха за околу две недели. За секој случај купете и доволно песок ако чувате мачка, како и ампули за заштита од паразити.

3. Користете онлајн услуги, многу петшопови или онлајн продавници нудат можност да ви достават храна до домашната адреса.

4. Не одложувајте посета на ветеринар ако тоа е потребно. Телефонски закажете точен термин, за да избегнете непотребни контакти во гужвата.

5. Ако го шетате кучето, следете ги општите препораки за заштита и превенција. Не се движете во големи групи или направете го тоа кога во реонот каде го шетате нема излезени луѓе.

6. Можете на повозрасните лица или оние кои се во ризична група (доколку вие самите не спаѓате во тие групи) да им понудите да им донесете храна за миленичето или да го прошетате кучето. Ваквата човечност нема да ви биде заборавена.

7. Вдомете ако имате можност. Ако немате, обидете се да оставите храна во вашиот двор, пред зградата или каде што има услови за тоа, за да бидете сигурни дека барем неколку од бездомните животни не се гладни.

Слични содржини