Екипа на американското ФБИ изврши рација во домот на познатата јутуб ѕвезда Џејк Пол. Портпаролот на ФБИ потврди дека рацијата во домот на Пол ја извршил вооружен тим и дека пронашле оружје, а за време на рацијата, јутуберот не бил дома. Причината за рацијата не е откриена, само се наведува дека е дел од тековна истрага.
Пол исто така се соочува со обвиненија откако неодамна организираше забава кршејќи ги мерките воведени поради пандемијата на коронавирус. Градоначалничката на Калабасас, Алиша Вајнтроб се огласи по забавата, изјавувајќи дека е „бесна“ поради целиот настан.
Ова не е прв скандал за јутуберот. Тој беше уапсен и на антирасистичките протести во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, а пред неколку месеци на својот Инстаграм објави целосно гола фотографија, барајќи лајкови од обожавателите со цел „да покаже се“.
23-годишниот јутубер има повеќе од 20 милиони претплатници на неговиот канал.