Рама ја острани фотографијата од Лешница без извинување или објаснување

од Nikola Popovski
289 прегледи

Кусо по бурните реакции на социјалните мрежи, е отстранета фотографијата со која албанскиот премиер Еди Рама ги пофали природните убавини во својата земја, но без некакво извинување или објаснување.

Претходно, тој на својот Фејсбук профил објави фотографија од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница, притоа пишувајќи дека таа ја претставува прекрасната Албанија.

Владата за ова искомуницирала со кабинетот на Рама и побарала да биде објавено објаснување и корекција на фотографијата.

„Од страна на Кабинетот на премиерот Заев е остварена комуникација со Кабинетот на премиерот Рама, при што од наша страна е посочено дека објавената фотографија е од Лешница, С. Македонија. Веруваме дека станува збор за ненамерна грешка и затоа беше побарано од страна на Кабинетот на Рама да биде објавено објаснување и корекција“, велат од владата.

Водопадот на Лешница и прочуените Кривошијски кади се нарекуваат и бисер на Шара, но го нема статусот на заштитено природно подрачје како албанската Лешница. Во очекување на предлог законот за прогласување на Шар Планина за национален парк, таму се градат хидроцентрали за кои еколозите велат дека го нарушуваат биодиверзитетот на планината.

Слични содржини