Тихановскаја ќе се сретне со Бајден

од Nikola Popovski

Лидерката на опозицијата во Белорусија, Светлана Тихановскаја, закажала средба со новоизбраниот претседател Џозеф Бајден.

Во интервју за „Белсат“, Тихановска потврдила дека нејзиниот тим добил покана од Џо Бајден за средба. Сепак, таа не прецизирала датум.

„Планираме состанок со Џо Бајден, веќе добивме покана“, соопштила Тихановскаја.

Досега од Белата куќа нема никакви најави за претстојната средба на белоруската опозиционерка. Неодамна „Вашингтон пост“ му предложи на 46-от претседател да се сретне со Тихановскаја со цел да се солидаризира со оние кои се борат за демократија во Белорусија.

Оваа есен, Тихановскаја се состана со голем број светски лидери, вклучувајќи ги францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, словачката претседателка Зузана Чапутова и министрите за надворешни работи на Бугарија, Австрија, Грција и други земји на ЕУ.

Таа зборувала во Бундестагот и им се обратила на членовите на Француското национално собрание преку видео врска.

Слични содржини