Јапонската принцеза се омажи за човек од народот и ја загуби титулата

од Vladimir Zorba

Јапонската принцеза Мако се омажи за човек без благородно потекло, што доведе до губење на титулата.

Со тоа што се омажи за нејзиниот колега од факултет, Кеј Комуро, таа стана обична Јапонка, откажувајќи се од својот доспеан мираз од над 1,3 милиони долари.

Откако биле потпишани документите за брак, Мако ја напуштила империјалната резиденција Акасака во јапонската престолнина Токио, збогувајќи се со семејството.

Таа ги посетила абдицираниот император Акихито и неговата сопруга Мичико, кои и се баба и дедо, за да се прости од нив, јавуваат светските агенции.

Мако е внука на сегашниот император Нарухито и ќерка на неговиот помлад брат принцот Фумихито.

Нејзината свршувачка со Кеј Комуро беше објавена во 2017 година, но бракот беше одложен поради финансиски скандал во семејството на вереникот.

Двајцата ќе живеат во Њујорк, каде што Комуро е адвокат. Нејасно е дали Мако ќе работи. Студирала уметност и културно наследство на универзитетот.

Бракот на принцезата не го менува редот на наследување на царскиот престол, бидејќи во Јапонија се пренесува само преку машка линија.

Слични содржини