Германија: С. Македонија не треба да ја пропушти шансата со францускиот предлог

од Nikola Popovski
224 прегледи

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок смета дека С. Македонија не треба да го испушти модификуваниот француски предлог како шанса за одблокирање на европскиот пат на нашата земја.

-Западниот Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Неговата иднина мора да биде во ЕУ. Компромисот презентиран од француското претседателство за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија е шанса што не треба да се пропушти, напишала Бербок на Твитер.

Шефицата на германската дипломатија додала дека искористувањето на оваа можност е од врвен стратешки интерес и на ЕУ и на Северна Македонија.

-Сега е момент да се придвижиме напред, појаснила Бербок.

Слични содржини