Проширена влада со политички партии кои го следат дискурсот против евроатлантските интеграции и не ја осудуваат агресијата на путинистичка Русија во Украина не се прави, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани за „Локално“, коментирајќи го предлогот на пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов за широка владина коалиција.
– Павле Трајанови веќе подолго време шири идеи кои не се прифатливи од партиите каде што е и тој во коалиција. Има сомнеж дека неговите идеи се повеќе насочени кон поуспешно позиционирање кај малата партија што ја води. Не е неопходен предлогот за проширена влада во услови кога нема институционални криза. На деструктивна опозиција како ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да и се покаже местото со моќна и успешна политичка влада. Проширена влада со политички партии кои го следат дискурсот против евроатлантските интеграции и не ја осудуваат агресијата на путинистичка Русија во Украина не се прави. Овој антизападен и антиалбански дискурс е и антидржавен, изјави Рамадани.
Тој сугерира, Трајанов да се заложи во рамките на владината коалиција и да го даде максимумот во менаџирањето на кризата со која се соочува државата, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
– Сметам дека со свои идеи не треба да дава алиби на деструктивна опозиција во овие тешки времиња, нагаласи аналитичарот.
Д.Ј.