Весиќ итно пренесен во болница поради влошена состојба

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Зоран Весиќ, братот на Горан Весиќ, за српска ТВ Прва потврди дека поранешниот министер за градежништво е итно пренесен во болница поради влошена состојба.

Според Зоран Весиќ, тој пред почетокот на штрајкот со глад бил на Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње каде му било констатирано срцево заболување.

„Констатирана му е ангина пекторис, а отишол во завод во прединфарктна состојба. Некако се стабилизирало со терапија, одбил хоспитализација, сега е јасно зошто и требало да направи коронарографија“, изјави Зоран Весиќ.

Потсетуваме, Горан Весиќ беше уапсен на 21 ноември заедно со уште 11 лица поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде што животот го загубија 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Владата на Србија во петокот му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во заминување, Горан Весиќ.

Слични содржини