Макрадули: СДСМ не смее да се бори за примат во опозицискиот блок

Од СДСМ сметаат дека остануваат втора по гласачи и најголема опозициска партија во моментов

од Nikola Popovski
124 прегледи

Поранешниот функционер од редовите на СДСМ, Јани Макрадули порача дека партијата во моментов не смее да се бори за примат во опозицискиот блок.

-Обврска на сите нас е да се избориме за креирање политики кои ќе бидат во интерес на сите граѓани и ќе обезбедат просперитетна иднина за Македонија, истакна Макрадули во објава на социјалните мрежи.

СДСМ освои 6 општини, најслаб резултат на локални избори досега. Лидерот на партијата Филипче најави кадровски промени по изборите, но не и негова оставка. И пред најавените промени во раководството, оставки веќе поднесоа претседателот на општинската организација и кандидат за градоначалник за Ѓорче Петров, Костадин Ацевски и потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска.

Оставките се поднесени поради лошите резултати, но и несогласувањето со политиките на партијата.

Од СДСМ сметаат дека остануваат втора по гласачи и најголема опозициска партија.