Иако лошото време нè прави депресивни понекогаш и ја зголемува желбата да останеме во кревет, една нова студија покажа дека мрачната прогноза носи предност за продуктивноста.GettyImages_155160462

Со други зборови благодарение на лошото време за вашите успеси. Заедничка студија на универзитетите Харвард и Северна Каролина, открива дека лошото време ги прави луѓето попродуктивни.

Зошто е тоа така? Бидејќи само кога времето е лошо немаме каде да одиме и нема што да ни го дефокусирс умот од најважните задачи.

Тоа е затоа што кога времето надвор е убаво, тоа ни нуди бројни можности. Во добри временски услови останувањето на затворена е подепресивна опција отколку излегувањето од канцеларијата.

Според научниците огромно влијание има и тоа дека при лошо време исчезнува чувството дека испуштате нешто пријатно надвор, бидејќи сте затрупани со работни обврски.

Слични содржини