timthumb (2)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид забележаа победа против Тотенхем во натпревар од Интернационалниот куп на шампиони.

На средбата која се одигрна попладнево во Мелбурн, европскиот и шпански вицепрвак Атлетико Мадрид славеше минимална победа со 1:0 во дуелот со вицепампионот на Англија, Тотенхем.

Стрелец на единствениот гол беше Уругваецот Диего Годин во 40-минута од средбата.

Ова е натпревар од таканаречената „Австралиска група“ во која се и екипите на италијанскиот шампион Јувентус и домаќинот на турнирот тимот на Мелбурн Виктори.

Натпревари од Интернационалниот куп на шампиони се играат и во Кина и САД.

Слични содржини