107
Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс ги обнови фитнес тренинзите во подготовка за претстојното продолжение на филмот “Дедпул” (Deadpool), објави “Контакт мјузик”. 40-годишниот актер се враќа во улогата на стартниот антихерој, а неговиот личен тренер Дон Саладин му помага за враќање во форма.
Саладин сподели видео во “Инстаграм” што покажува како актерот тренира.
И покрај успехот на првиот “Дедпул” во 2016 година, продолжението претрпе познати одложувања, главно бидејќи режисерот Тим Милер го напушти тимот. Во лентата повторно ќе ги видиме Стефан Капичич и Брајан Хилдебранд. Вториот дел, во режија на Дејвид Леич, се очекува во кината во јуни 2018 година.