Најмалку 22 лица загинаа во торнадо што го зафати градот Нешвил и државата Тенеси во САД, оставајќи без струја 50.000 домаќинства и компании.
Повеќе лица се повредени, а оштетени се многу домови, пренесува Ројтерс.
И аеродромот лоциран недалеку од Нешвил претрпе значителна штета како резултат на временските услови, каде што беа оштетени неколку хангари.
Најмалку два станбени блокови останаа без прозорци, а парчиња метал и дрво беа расфрлани низ улиците.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се „моли за сите погодени од разорните торнада“ и најави дека ќе го посети Тенеси во петок, пренесува Хина.
Службите за помош и натаму бараат потрага по преживеани и исчезнати лица, изјави еден официјален претставник на Агенцијата за управување со вонредни состојби во Тенеси (ТЕMA).
Националната служба за метеорологија соопшти дека осум торнада го зафатиле Мисури, Тенеси и Кентаки.